Зоран Заев е упорен во својата намера да има избори на 21 јуни. Сите претседатели на партии, освен Касами кој е коалциски партнер на СДСМ на лидерската средба го поддржале ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека во никој случај не треба да се избрзува со избори и оти единствен приоритет треба да биде здрајвето на граѓаните.

Дека само Заев сака избори потврди Арбен Таравари од Алијансата за Албанците, како и партнерот во владата на Заев, Али Ахмети.

Според Таравари, само СДСМ не покажал никаква флексибилност и Заев барал избори на 21 април во секоја цена.

Имајќи во предвид дека од трите писма што ни стигнале од три институции од кои побаравме помош, едното беше од ДИК, каде што беа едногласни потпишани сите членови на Државната изборна комисија дека минимум му требаат 32 или 33 дена, а максимум 50 дена, истакна Таравари.

Ахмети пак повикува на конзензуз, бидејќи со конзензус беше договорен првичниот датум за изборите 12 април, како и одложувањето на изборите поради короната.

Важно е да се има консензус за овие прашања, но здравјето на граѓаните е пред се. Изборите се пред се, но треба да се има консензус за тој датум и да се имаат во превид мерките од здравствените институции-изјави Ахмети.

Дека бројките не одат во прилог на тврдењата на Заев за брзи избори покажува тоа што Македонија има најлоши резултати споредено со земјите од регионот во справувањето со короната, но и тоа што бројот на починати и на заразени не се намалува.

Само во изминатите четири дена во Македонија има 99 заразени и 9 починати. Досега пак има вкупно 1839 заболени, 382 активни случаи и 106 починати.