Поранешниот советник во Министерството за финансии Бранимир Јовановиќ смета дека мерките на Владата се краткорочни и проблематични по повече основи. Конкретно за мерката викенд без ДДВ, смета дека е лоша по неколку основи, односно дека од неа ќар ќе имаат само побогатите.
„Викенд без ДДВ“ е многу лоша мерка, по повеќе основи, напиша Јовановиќ на социјалните мрежи
1. Таа ќе направи ужасни гужви по продавниците, што може многу да го рашири вирусот.
2. Мерката ќе доведе и до значаен пад на буџетските приходи, зашто луѓето купувањето на многу производи ќе го одложат за тој викенд кога нема да се плаќа данок.
3. Од мерката многу повеќе корист ќе имаат побогатите, тие ќе ја искористат за да си купат поскапи производи без данок.
4. Мерката ќе доведе и до легализација на даночната евазија, односно ќе им овозможи на фирмите прометот кој не го пријавиле претходните месеци да си го пријават тој викенд без да платат данок.
Сме ја дискутирале меркава уште јас кога бев во Министерството, и тогаш успеавме да ги разубедиме останатите од Влада да отстапат од неа. Се надевам ќе отстапат и сега, бидејќи сега штетата би била уште поголема, напиша Јовановиќ
Comments are closed for this post.