Иако на власта многу и се брза да организира избори, препораките на Венецијанската комисија за тоа кога една земја која штотуку излегла од вонредна состојба може да оди на гласање.
Комисијата за тоа препорачува дека треба да поминат минимум 60 дена од престанувањето на вонредната состојба која кај нас треба да заврши на 16 мај, доколку претседателот Пендаровски не одлучи да прогласи нова.
Венецијанската комисија на примерот на Грузија и на Турција наведува дека „избори треба да се организираат дури по истекот на 60 дена од денот кога престанала вонредната состојба затоа што изборите бараат мирна политичка атмосфера и целосно почитување на сите слободи и човекови права“.
Доколку се почитуваат препораките на Венецијанската комисија тогаш избори би можеле да има околу 20 јули, т.е среде лето, во период кога граѓаните се на годишни одмори и не би можеле да гласаат. Тоа пак и одговара на власта која се надева на ниска излезност поради стравот кој владее кај гласачите поради заразата со корона.
Малку е веројатно да се очекува дека власта ќе ја послуша Венецијанската комисија ако се знае примерот со Законот за јазици, на која експертите од Советот на Европа имаа многу забелешки.
Comments are closed for this post.