Одлуката на македонското собрание да продолжи со процедурата неопходна за официјализрање на Преспанскиот договор е значителен чекор напред кон евро-атлантските интеграции на Република Македонија, порача амбасадорката на Велика Британија во земјава, Рејчел Галовеј. Таа на средба со премиерот Зоран Заев, ја искажала поддршката што Обединетото Кралство ја дава за Македонија во интегративните процеси.
Обединетото Кралство активно ја следи политичката ситуација во Македонија и дека дава принципиелна поддршка на помирувањето, коешто е важно за интеграциите на Македонија, а со тоа и за стабилноста на целиот регион – соопшти амбасадорката.
На средбата, Заев и Галовеј, констатирале дека двотретинското мнозинство во Собранието за пристапување кон уставните промени покажа дека е можно пратениците од власта и од опозицијата да работат заедно кога станува збор за клучните прашања за граѓаните и за државата.
Ќе продолжиме во позитивна атмосфера, низ конструктивност и инклузивност, со пратениците во Парламентот, да работиме на нацрт уставните амандмани. Забелешките на пратениците од опозицијата, кои дадоа поддршка на евро-атлантскиот интеграциски процес на Македонија, во врска со содржината на амандманите, се во духот на Договорот од Преспа – изјавил премиерот Заев.
Во врска со реформите, Заев, соопшти дека фокусот е на втората фаза од судските реформи, на антикорупциските закони, на реформите на УБК, на јавната администрација.
Comments are closed for this post.