Неколку сточари во народни носии, придружувани од околу 1.500 овци го блокираа сообраќајот во центарот на Мадрид. Причината за собирањето на овците во шпанската престолнина ме е поради некој протест, туку поради шест века стара традиција.

Станува збор за шпанската традиција „Транс-хјуманити” стара 600 години, при што добитокот се преместува од летни на зимски пасишта. Во 1994 година, овој обичај доби облик на еден вид фестивалска парада, во која, годинава десетина овчари заталкаа и го окупираа центарот на Мадрид.

За сето тоа да изгледа како во средниот век, сточарите им плаќаат симболично на градските власти со стари банкноти.