Од денеска се скратува полицискиот час, но се воведува и задолжително носење заштитна маска на лицето во затворени јавни простори се дел од мерките кои почнуваат да се применуваат од денеска и ќе важат на целата територија на државата.
Маската не мора да се носи ако лицето се движи на јавни места и површини од отворен тип и целосно го одржува дозволеното минимално растојание од најмалку два метри од друго лице.
Според новите мерки, заштитната опрема задолжително треба да се носи во сите затворени јавни места каде што има повеќе лица како маркети, продавници, банки, пошти, здравствени установи, како и при користење на јавен превоз. На отворено заштитна опрема задолжително се носи на пазари и на отворени простори каде нема можност да се одржува физичката дистанца од два метра до другите лица во близина.
На отворено заштитна опрема не се носи само ако се престојува во дворот, или терасата од сопствените домови, на велосипед, при спортување на отворено или во патничко возило со лица со кои живеете во заедница или домаќинства.
Со олеснување на забраната за движење, полицискиот час секој работен ден, од понеделник до петок во целата држава ќе почнува од 19 часот до 5 часот наутро. За лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 5 часот наутро до 12 на пладне. Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13 до 19 часот. За време на викендите забраната за движење ќе почнува од 15 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 5 часот наутро. Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 5 часот наутро до 11 часот наутро, а младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12 до 15 часот.
Владата донесе и уредба со која во дуќаните истовремено може да пазаруваат најмногу по едно лице на површина од секои 20 метри квадратни, а во објектите со површина помала од 20 метри квадратни може да пазарува само едно лице. Банките, штедилниците и поштите со уредби се обврзани да обезбедат редарска служба при влезот, во внатрешноста и при излезот на објектот, за да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата. Во објектите нема да се дозволи влез на лица кои не носат заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носо
Comments are closed for this post.