Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри финансиска поддршка за Mакедонија, преку Инструментот за брзо финансирање, во износ од околу 176 милиони евра. Преку овој инструмент се овозможува исклучително брз и поволен пристап до финансиски средства од ММФ, во услови кога економија со здрави фундаменти е погодена од надворешен, неочекуван и привремен шок, каков што е пандемијата на вирусот Ковид-19.
Економските изгледи на земјата значително се влошија како резултат на пандемијата на COVID-19. Се очекува реалниот БДП да се намали за 4 проценти во 2020 година, како резултат на падот на домашната и надворешната побарувачка. Ова, заедно со негативните шокови врз довербата и прелевањата од глобалните финансиски текови, создаде потреба од итно обезбедување на потребите на платниот биланс, изјави по дискусијата на Извршниот одбор во однос на Македонија, Тао Џанг, заменик извршен директор и вршител на должноста претседател на одборот.
Comments are closed for this post.