Еден повозрасен маж кој се наоѓал во домашна самоизолација во местото Бртонигле во Истра синоќа починал, соопштија хрватските власти.
Како што јави дописникот на МИА, мажот имал 70 години и веќе извесно време се наоѓал во самоизолација под сомнеж дека е заразен со коронавирусот. Синоќа неговата здравствена состојба нагло се влошила по што била повикана итната медицинска помош. Лекарите сакале да го однесат човекот во болница, но тој одбивал, а малку подоцна и починал. Веднаш е земен материјал за анализа со кој треба да утврди дали се работи за Ковид-19.
Во хрватскиот регион Истра досега се потврдени 11 случаи на коронавирусот, од кои осум се мажи, а три жени.
Comments are closed for this post.