На денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во делот за економијата бара мерки со кои веќе сериозно се доцни.
Ќе се осврнам на оваа тема подетално. Средствата за придонеси и плати во директно погодените дејности што треба да се исплатат за еден месец изнесуваат околу 80-тина милиони евра. А тие компании во моментот, во месец март имаат заработка од НУЛА денари. Истите овие фирми треба да платат 15тина милиони евра ДДВ, а во месец март ќе повторам имаат приход од нула денари. Почнаа првите отпуштања на вработени и клуч на врата за компаниите. Да напоменам 70-тина проценти од овие компании се мали претпријатија од еден до десет вработени. Во клучните два месеци очекуваме негативното влијание во економијата да изнесува цели 220 милиони евра. Или месечно се губат по 110 милиони евра само по овој основ – рече Мицкоски.
Тој додава дека и ова е најважното.
Денес владата излезе со пакет на мерки од некоја си кредитна линија во вредност од 5 милиони евра за компаниите, а тие губат по 110 милиони евра месечно. Помошта од кредитната линија од 5 милиони евра на владата во услови кога се губат 110 милиони евра, каде што нема за плати и придонеси, се затвораат фирми, не само што не е доволна, туку и смешна и навредлива. Ако не помогне државата и влада нема од каде. Секој ден без помош значи банкрот за многу компании. Црвениот аларм е вклучен. Од информациите кои што стигаат до нас една компанија која што беше корисна на средства од Агенцијата за финансиска помош и поддршка а беше поврзувана со името на еден поранешен функционер во владата на Зоран Заев од петокот е затворена и 150 вработени од таа компанија се на улица – рече Мицкоски.
Comments are closed for this post.