Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски утре во 12 часот „Вила Водно“ ќе се одржи лидерска средба, на која ќе присуствуваат претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата, кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи.
Како што соопштија од Кабинетот на шефот на државата, на лидерската средба е најавено присуство на претседателите на СДСМ, Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на ДУИ, Али Ахмети, на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, на Алтернатива, Африм Гаши, на Движење Беса, Билал Касами и на ДПА, Мендух Тачи. На средбата ќе присуствуваат и претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Оливер Спасовски.
Видео инсерти и фотографии од средбата ќе бидат дистрибуирани до медиумите од страна на Прес-службата на Кабинетот веднаш по почетокот на лидерската средба. Изјавите за медиумите по завршување на лидерската средба, ќе бидат пренесувани на Јавниот сервис МРТ, на Facebook страницата на Претседателот и на YouTube каналот.
– Поради мерките и препораките на Владата за заштита од Ковид-19, ги охрабруваме медиумите да го преземат видео материјалот и фотографиите кои ќе бидат веднаш дистрибуирани, информираат од Кабинетот на претседателот.
Comments are closed for this post.