По вчерашното барање на ФФМ до УЕФА во кое бараат одложување на мечот со Косово се уште нема одговор од европската куќа на фудбалот. Со тоа фудбалерите, како и стручниот штаб се на „стенд бај“ иако до 26 март има уште две недели.
Како причина за одложување на мечот ФФМ ја наведе состојбата со корона вирусот како во Македонија така и во земјите кои се најризични како Италија.
Според упатствата од Министерството за здравство секој што ќе дојде од Италија мора да биде ставен во изолација две недели. А Македонија има тројца репрезентативци кои играат токму во Италија, Горан Пандев, Илија Несторовски и Елиф Елмаз. Доколку остане сегашнава ситуација тие не би биле во тимот што би бил огромен хендикеп.
Помалку реална станува и опцијата да се игра без гледачи бидејќи новите мерки на владата практично забрануваат секакви активности после 18 часот.
Се очекува УЕФА да донесе одлука за понатамошниот тек за сите натревари под нејзино покровителство, како што се Лигата на шапионите, Лигата на Европа, Лигата на нации, па дури и за одложување на Европското првенство кое треба да се игра летово и каде еден од домаќините е и Италија.
Comments are closed for this post.