Првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски денеска пред презентираше околу 2.000 фотографии од неговиот Инстаграм профил како материјални докази дека одземената гардероба од страна на Обвинителството не била купена во перидот во периодот на втората половина на 2019 година, како што стои во обвиненито.
Гардеробата е одземена од неговиот дом во Орман на 15 јуни 2019 година и собрана во 71 црна вреќа што се предадени во агенцијата за одземен имот.
При презентирањето на доказите Обвнителстовото наведе дека преку фискалните сметки биле потрошени 148.000 за купување на модни парчиња.
Боки пред судот со голем жар и познавање на модата ракажуваше каде ги купувал и добивал скапите парчиња па дури и во кои прилики ги носел. Најголем дел фотографиите датираат од 2013 година, па до 2019.
Гардеробата на Боки била навистина уникатна, Луј Витон чанта со негови иницијали, колекција на чевли во чест на Мајкл Џексон, Живанши маица со ликот на Богородица и сл..
Со денешната презентација во голема мера е разнишано обвинението на обвинителката Вилма Рускоска која и натаму е на ставот дека парите за скапите парчиња се потрошени од чантата на бизнисменот Орце Камчев.
Рускоска пред неколку месеци тврдеше дека не е проценета вкупната вредност на гардеробата ниту пак тоа е направено за секое парче поединечно, но тоа што виси во воздух е што обвинителстовото не докажа каде се парите и како се пуштени во легален оптек.
Comments are closed for this post.