Денеска во Кривичниот суд продолжува случајот „Рекет“. Според најавите на одбраната, во судот ќе се гледаат фотографии од гардеробата на Бојан Јовановски на социјалните мрежи. Намерата е да се докаже дека таа потекнува многу пред да биде поднесено обвинение против него. Обвинителството пак сака да го докаже спротивното, дека скапите парчиња се купени од „Рекетот“.
За утре пак е најавено да започне сослушувањето на сведоците на Катица Јанева.Според најавата на нејзините адвокати сведоците во најголем број ќе бидат обвинители од поранешното СЈО.
Comments are closed for this post.