Венко Филипче, министерот за здравство денеска изјави дека ќе дадат препорака до Владата за неодржување на јавни масовни собири и спортски натпревари да продолжи до 13 март – следниот петок.
Оваа мерка доаѓа како резултат на тоа што бројот на лица во Европа контунуирано се зголемува, рече денеска Филипче.
Нема нови тестирани пациенти на корона вирус на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Здравствената состојба на единствената пациентка со корона вирус е добра.
Во овој момент екипа на епидемиолози прават разговор со двајца странци сместени во хотел во центарот на Скопје, кои во изминатите 3 дена имаат симптоми на настинка. Во државата стигнале на 28 февруари со авионот на „Виз ер“ од Келн. Едниот е државјанин на Австралија, а другиот на Сингапур. Со епидемиолозите разговараат за контактите кои ги имале, што правеле овие денови во нашиот град. Во следните 3 до 4 часа готови ќе бидат и нивните резултатите од теситирањето на корона. Тие засега остануваат изолирани во хотелската соба кадешто двајцата биле сместени, изјави министерот за здравство.
Филипче најави дека разговарале со мобилните оператори со цел да се воведе уште една мерка на контрола.
Мобилните оператори излегоа во пресрет и чекаме да се изработи техничко решение, а тоа е сите странци кои влегуваат во нашата земја со посебна порака да бидат известени за тоа што треба да преземат, каде да се јават доколку им се јават симптоми на болеста. Идентични податоци од флаерот којшто го добиваат на некои од граничните премини или на аеродромите во текстуална порака да им стигне веднаш откога ќе се вклучат на било која од нашите мрежи. После техничкото решение, веќе денеска најавија мобилните оператори ќе биде во функција, рече Филипче.
Околу 4250 лица се заболени од корона вирус во регионот Европа, скоро 1000 повеќе од вчерашниот ден. Во нашиот регион, има нови пациенти со корона вирус, еден во Словенија и двајца во Република Србија.
Синоќа разговарав и со нашиот конзул во Италија. Италија ги затвори сите училишта и универзитети до 15 март, остануваат во сила оние мерки во регионот во Северна Италија. Конзулот има најава дека има наши државјани коишто се на работа таму и поради овие мерки, поради тоа што голем дел од нив не можат да одат на работа, некои веќе сакаат да се враќаат во нашата земја, а тој работи на тоа да има интензивна комуникација со нив за да евентуално поголемите организирани групи на наши граѓани кои би доаѓале во Италија се најават претходно со цел да имаме подобар увид на влезот на патници, изјави Филипче.
Comments are closed for this post.