СДСМ ја потврди автентичноста на аудио разговорот за мафијата на Заев, смета опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи ја изјавата на Хари Локвенец на денешниот прес на СДСМ
Според ВМРО-ДПМНЕ во тој разговор се гледаат три работи:
Прво, криминалецот Зоран Заев е во исто време премиер и врховен судија, договара одлуки на Врховниот суд и се фали дека без него не се може во судството.
Второ, криминалецот Зоран Заев вели трас-трас Врховен суд ќе донесе одлука по желбата на Заев, а Катица Јанева го знае тоа и ги движи работите по тој терк.
Трето, криминалецот Заев договара закон за јавно обвинителство кое ќе ги падне случаите, ако не тука е Врховен тоа да го направи, се потенцира во рекацијата.
Од партијата додаваат дека видовме дека криминалецот Зоран Заев бил близок со Јово Вангеловски кого пред медиумите лажно го напаѓа.
-Зоран Заев е главата на октоподот. И главниот сатрап на судството. Криминалецот Зоран Заев е во исто време премиер и врховен судија Клучен доказ дека мафијата има своја држава. Денес Зоран Заев треба да е со лисици на раце и да одговара за своите злодела, стои во партиската реакција на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.