Од Тихиот Океан кон Мексико се движат две тропски бури, од кои едната би можела да прерасне во ураган пред да пристигне до копното, соопшти американскиот Национален центар за урагани.
Првата бура, Вила, за која постои опасност да прерасне во ураган, се наоѓа на околу 400 километри југозападно од мексиканскиот град Манзаниљо. Во жариштето на Вила, која е 21 бура во овогодишната сезона на урагани во Америка, дуваат ветрови со брзина од 110 километри на час.
Според Центарот, се оечкува Вила да стигне до мексиканскиот брег најрано во вторник.
Втората бура, Висенте, се наоѓа на околу 200 километри јужно од мексиканскиот град Салина Круз и во нејзиното жариште дуваат ветрови со брзина од 50 килоемтри на час.
Висенте се очекува да стигне до копното, исто така, во вторник и да погоди делови од Мексико и Гватемала.
Според Центарот, Виснете најверојатно нема да прерасне во ураган, но ќе донесе поројни дождови.
BREAKING: Tropical Storm #Willa was just named in the Eastern Pacific. It’s expected to become a major hurricane early next week, before weakening and making landfall in Mexico. We’ll watch as Willa’s moisture moves into the southern US late next week. pic.twitter.com/lKKWqhOdE3
— WeatherNation (@WeatherNation) October 20, 2018
Loop of Willa pic.twitter.com/RLAbQ0gYH2
— TCA_WX (@WxTca) October 20, 2018
Comments are closed for this post.