Албанските медиуми објавуваат нов скандал во кој се вмешани контраверзни бизнисмени и тајкуни од истокот, поранешниот премиер на Малта, Џозеф Мускат, кој беше симнат од власт поради контраверзиите и поврзаноста на негови луѓе со убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција. Во контраверзиите на Мускат се споменува и доскорешниот македонски премиер Зоран Заев.
Тие пишуваат за постоење на тајни средби во Малта помеѓу малтешкиот премиер Мускат, македонскиот Заев и контраверзниот тајкун Шаукат Али Гафур од Либија со цел влез во Македонија и партнерство со државата во македонското здравство каде ќе мора да влезат милиони евра од македонските осигуреници во приватниот бизнис на Шукат.
Против Шаукат, кој тајно се среќавал со Заев, постои во моментот истрага во Малта за сличен договор за болници поради сомневање за перење на пари и злоупотреба на државни пари.
Имено во времето на владеење на Мускат во Малта отворен е случај за купување на болниците Vitals Global Healthcare (VGH) од страна на компанијата Стујард поврзана со Либиецот Шаукат, договор вреден 7 милијарди евра, и скандалозна продажба за само 1 евро, што во моментот е предмет на истрага во Малта поради сомневање на перење на пари и проневера на државните пари на граѓаните на Малта.
Заев стапува на сцена кога со посредство на Рама се среќава со пријателот на премиерот на Малта Мускат, либискиот контраверзен тајкун Шаукат Али Гафур.
Во 2018 година, Мускат ја посетил Македонија за да се сретне со Зоран Заев кој во тоа време беше премиер, придружуван од официјални лица од компанијата „Стјуард“. Дискусиите биле насочени кон воспоставување на сличен модел на „јавно приватно партнерство“ за Западен Балкан, којшто бил имплементиран, но истиот доживеал неуспех во Малта.
Истата година Заев ја посетил и Малта за тајно да се сретне со Мускат и Гафур за да разговараат за плановите. Состанокот никогаш не бил објавен, но фотографијата што ја имале на увид од порталот „Exit news“, потврдува дека состанокот се случил.
Оставката на Заев донекаде ја искомплицира работата, но со помош на Рама, Гафур се надева дека неговиот план да зграби важен терен на Балканот, и секако пари од даночните обврзници, сепак ќе се реализира. Но, ако Заев не биде реизбран, тогаш оваа добро испробана шема ќе биде загрозена, пишува „Exit news“ во својата објава.
Тоа се однесува и на пари од даночните обврзници во Македонија.Зошто Заев ја криел средбата со Шаукат не е јасно.
Comments are closed for this post.