Обвинетиот Милан Андоновски, кој во 2013 година бил претседател на советот на Општина Гази Баба, на денешното судење за предметот „Насилство во Општина Центар“, рече дека бил многу среќен дека со проектот Скопје 2014 ќе се гради оваа црква и оти присуствувал на поставувањето на темелите на храмот.
За протестот, пак, се информирал од „Фејсбук“, а поводот за протест бил ставање на дневен ред било поништувањето на ДУП Мал Ринг. Се вознемирил од најавата бидејќи на тој начин сите објекти требало да станат дивоградби.
Не добив никаква нареда од некого да го организирам протестот, рече Андоновски.
Тој рече дека не влегол во општината туку дека стоел на улицата и дури дека пиел и кафе во блиското кафуле.
По неколку дена повторно се појавил на протестот и си заминал по неколку часови.
Тој рече дека не добивал никакви насоки за органирирање на протестот и оти никој од раководството на ВМРО-ДПМНЕ не му се јавувал да организира протести туку дека се појавил самоиницијативно.
Comments are closed for this post.