Рочиштето за случајот „ТНТ“ е одложено и ќе продолжи на шести февруари.
Оваа одлука ја донесе судијата што го води предметот, Огнен Ставрев, по образложението на д-р Викторија Вујовиќ на здравствената состојба на поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, на кого му е неопходно кратко боледување од десетина денови.
Рочиштето за случајот „ТНТ“ почна, без присуство Трајковски, а не него, судијата Ставрев ја исклучи јавноста од образложувањето на здравствената состојба на Трајковски од страна на д-р Вујовиќ.
Пред да ја исклучи јавноста од рочишето, судиајта Ставрев забележа дека д-р Вујовиќ му е позната и оти таа и во други постапки била пред него и ги предупреди сите дека нејзиниот наод треба да остане тајна.
Адвокатот Јовица Страшевски, отсуството на Тони Трајковски го образложи со медицинска белешка од 15 јануари кога веднаш по завршувањето на тогашното рочиште, Трајковски се јавил на лекар. Во лекарскиот наод е наведено дека тој не смее да присуствува на судските рочишта заради подобрување на неговата здравствена состојба.
Comments are closed for this post.