Надгледувањето на разместувањето на американските проектили од среден и помал досег е главна задача на руската војска за годинава, соопшти денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
-Мораме да извршиме длабинска анализа на потенцијалните воени закани и да изнесеме мерки за унапредување на вооружените сили. Резултатите на овие напори ќе бидат земени во предвид при планирањето на планот за одбрана за 2021-2025 , рече Шојгу во дискусијата за главните сфери на активности на руското Министерство за одбрана за 2020 година.
Мораме да го следиме разместувањето на ракетите од среден и мал досег од страна на САД, нагласи Шојгу при изнесување на целите за оваа година, пренесе Тасс.
Тој , исто така, напомена дека руските стратешки сили мораат да се вооружаат со ракетите Авангард и Јарс, а силите на нуклеарната морнарица со Бореј-А.
Тој наведе дека руските сили до крајот на годината ќе добијат околу 4.000 нови оклопни и моторни возила, како и 1.700 парчиња современи ракетни и артилериски орудиј
Comments are closed for this post.