Денеска е Свети Игнат. Игнат е детето што Исус го носел во својата прегратка.
Во народот постои верување дека она што ќе го правите и ќе ви се случува денеска, ќе го правите и ќе ви се случува во текот на целата цела година.
Првиот гостин што ќе ви дојде и ќе го пречекори прагот на вашата куќа се вика полазеник. Каков ќе биде полазеникот, таква ќе биде и годината за семејството. Во минатото постарите ги заклучувале вратите од своите домови за да не им влезат лоши луѓе и лошо да им тргне годината.
Се верува дека на овој ден не е добро ниту да позајмувате некому пари, за да не ви одат парите од куќата.
Значи, каков ви е денот денес, таква ќе ви биде и годината.
Убав ден на сите!
Comments are closed for this post.