Ветингот е последната опција. За ветинг има еден предуслов, тоа е консензусот од сите политички страни, но тоа е последното решение. Во моментот не гледаме дека има потреба за такво нешто. Тоа е нашиот став, секако одлуката останува да се донесе во државата, во Северна Македонија, изјави Амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар, шеф на делегацијата на ЕУ, по денешната средба со претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија Сали Мурати.
На новинарско прашање како ЕУ ќе одговори на барањето од премиерот Зоран Заев за поддршка за спроведување ветинг во судството, Жбогар посочи дека се уште ја нема слушнато изјавата, но потвтори дека ставот на ЕУ е јасен.
– Претпочитаме судството да ги искористи елементите за подобрување од внатре. На крајот и не е во толку лоша состојба, изјави амбасадорот Жбогар.
Шефот на делегацијата на ЕУ во РСМ најави дека ќе породолжат со поддршката и информира дека за следната година планираат проект за мониторирање на случаи на висока корупција.
Жбогар изрази уверување дека тоа ќе ја подобри ситуацијата судството.
Comments are closed for this post.