Денеска премиерот во заминување за време на еко акцијата „Аминистрацијата чисти со „Не биди Ѓубре“, каде беше прашан за негирањето на македонскиот јазик од страна на Бугарија, одговори дека е недозволиво во 21 век да зборуваме за јазикот, за идентитетските прашања, тие се апсолвирани прашања.
Тој најави средба со премиерот на Бугарија Бојко Борисов која би требало да се одржи на почетокот на 2020 година на која, како што рече, ќе разговараат отворено и пријателски, а не да се префла, кој прв кажал.
Ние сме пријателски земји и ваквите дисонантни тонови се недозволиви каде што во 21 век зборуваме за идентитет којшто е впишан целосно во сите анали, во сите документи и во сите меѓународни организации. Јас го добив аплаузот и од бугарските пратеници кога зборував на македонскиот јазик во Европскиот парламент – истакна премиерот во заминување.
Тој посети на на договорот што е потпишан за соработка и пријателство со Бугарија кој е на три јазици, и дека тој е потпишан согласно Уставот, односно на македонскиот јазик.
Comments are closed for this post.