Сведокот Ана Камчева на денешната расправа за случајот „Рекет“, објасни дека обвинетиот Бојан Јовановски имал блиски односи со министерот за внатрешни работи, како и со брачниот пар Јовче и Фросина Ременски.
Поради тоа, објасни Камчева се плашела лично да отиде во МВР и да разговара со поранешниот директор на УБК.
-Во УБК работеше вашиот пријател Јовче Ременски и од страв да не ме види со Николовски од УБК, не се видов со него во службените канцеларии на управата- му одговори Камчева на Јовановски.
Comments are closed for this post.