Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Мајкл Џордан отвори болница во Шарлот во која ќе им се даваат лекарскиуслуги на пациенти што немаат здравствено осигурување, што е голем проблем во САД.
Болницата е лоцирана во кварт каде живеат луѓе со пониски примања и во сиромаштија На отворањето на болницата, тој рече дека овој негов сон станал реалност.
Тој вели дека сака да биде мост за следните генерации и оти неговиот сон станал реалност
Клиниката ќе има на располагање 12 соби – диспанзер, рентген сала и простор за физикална терапија.
Comments are closed for this post.