Се прошири списокот на оштетени објекти, како и на погодени области, од катастрофалниот земјотрес кој ја потресе Албанија на 26 ноември.
Последните податоци од досега завршената проценка говорат дека целосно се урнати 1.183 објекти, главно индивидуални куќи, повеќе стамбени згради и хотели, додека 558 стамбени згради се со големи оштетувања.
Што се однесува до погодените области, освен Драч, Тирана и Лежа, се и Пешкопеја, Кукс, Фиер, Елбасан и Берат, што значи осум од вкупно 12 окрузи.
– Според податоците досега регистрирани се 1.183 урнати куќи (1.050 во областа Драч, 131 во Тирана, две во Пешкопеја), 5.497 со големи и 3.520 со помали оштетувања. Што се однесува до стамбените згради 558 се со големи и 335 со помали оштетувања. Штети има и во деловни објекти, така што само во Тирана беа утврдени 146, потоа во јавната инфраструктура со 28 оштетени училишта, два здравствени центра и 15 електрични кабини, изјави Ровена Вода, заменик министер за внатрешни работи.
Таа нагласи дека евакуирани се 3.224 лица, во хотели се сместени 1.961, во шатори 964, во социјални центри 867, во семејства 2.525 лица.
Вода додаде дека со несмален интензитет продолжува тековната работа на инспекцијата на сите штети на објекти од страна на локални и меѓународни тимови во погодените области.
– Голема благодарност до нашите партнери и сите наши меѓународни пријатели, на групата од 55 експерти од Северна Македонија, Грција, Турција, САД, ЕУ, Швајцарија, и Франција, кои им се придружија на 74 албански експерти. Би сакала да соопштам дека денеска им се придружија уште 30 инженери од Косово, со што вкупниот број достигна 159, посочи Вода.
Таа соопшти дека со соодветна механизација урнати се 17 објекти, од нив девет во Драч и осум во Туман
Comments are closed for this post.