2,47 е средната оценка на скалата од 1 до 5 која граѓаните ја дадоа за квалитетот на јавното здравство, покажува последното истражување на јавното мислење кое за „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Најголем број од анкетираните или 32,9% здравството го оцениле со „тројка“, 26,8% му дале „двојка“ а 22,2% „единица“. 11,6% дале оценка „четворка“ а 4,1% „петка“. Гледано по региони, најслаба оценка здравството добива на југоистокот.
Comments are closed for this post.