Кога премиерот во заминување Заев збори за прочистување/ветинг во правосудството, тоа е како Ал Капоне да збори за реформа на даночниот систем.
– Збогум Заев збори за пренос на судските рочишта во живо, а од очите на јавноста ја сокри легалната снимка за “Поткуп” кога бараше 160.000€ рушвет за легализација и градба на објект. Ајде, нека даде Заев личен пример и нека го пушти рочиштето и целата снимка за “Поткуп”, пишува Антонио Милошоски на Фејсбук
– Збогум Заев збори да немало конфликт на интереси за судиите, а сопругата (Л.Г.) на неговиот вечен директор во Комуналец во Струмица, партиски член и шеф на сите негови партиски изборни кампањи ја смести за член на Судскиот Совет и фактички таа е неформален претседател на РСС.
– Збогум Заев збори за прочистување на обвинителството, а од позиција на моќ нарача обвинителката Бислимовска да го преиначи обвинението за “Поткуп”, исто од позиција на Премиер преку претседателот Џолев нарача замена на судивката Илиевска, со тандемот подобни судии Кацарска и Дарко Тодоровски, за да си добие ослободителна пресуда.
– Збогум Заев збори дека ќе барал редовно пријавување во Антикорупциска на приходите на секој судија и обвинител, а вчера јавно ги бранеше незаконските и непријавени околу 1.000.000€ додатоци што ги добиле 11те обвинителите од СЈО, релативизирајќи дека тоа не се преголеми суми.
– Збогум Заев ја повикува и ЕУ да помогне во реформите во правосудството, а зад грбот на Европа го злоупотребува европското знаменце за да може на шверцерски начин да го измени законот за Академијата за судии и обвинители, за да можат полесно со Рашковски да го напишат списокот на подобните студенти за идни судии и обвинители, како што е синот на еден претседател на Апелационен суд и снаата на една функционерка на СДСМ и блиска на Заев во Собранието.
– Збогум Заев збори да им дадеме шанса на способните и професионалните судии, а за претседател на Скопска Апелација ја намести сопругата на неговиот партиски пиун во ДИК, сега главен на Царина, иако судивката беше избрана со помал број на бодови од другите, спротивно на Законот за судовите (член 46 став 1) каде мора за судија во Апелациониот суд да биде избрано лице кое е оценето со највисока позитивна оценка и во однос на другите пријавени лица има добиено најголем број на бодови.
Премиерот во заминување Заев, досега се покажа како ажурен координатор на судските случаи од висок профил, и токму Заев беше централна фигура за консултации на главните обвинители и судии со него. Но, времето на управување со судството за премиерот во заминување истекува и после 12ти април на Заев веројатно ќе му требаат повеќе добри адвокати и можеби и уште една аболиција.
Comments are closed for this post.