По 40 годни во Клиничкиот центар во Љубљана се пронајдени документи од лечењето на Јосип Броз Тито.Тој последните недели пред смртта ги мина во Словенија и за него се грижеше конзилиум од најдобрите доктори. На помош им доаѓале и колеги од САД и Русија.
За време на престојот тие имале неограничено јадење и пиење па така се изело сто килограми свинско месо, 31 килограм говедско, 15 килограми пршута.
Не се штедело ни на пиење па така се испило 90 шишиња виски, 20 шишиња рум, водка како и сто литри вино.
Кога надежните од болницата побарале да се плати, тогашните сојузни власти на Словенија веднаш ја помириле сметката.
Comments are closed for this post.