Жозе Мурињо тргна со победа во своето деби како менаџер на Тотенхем. Тој го совлада Вест Хем нагости со 2-3. Харизматичниот Португалец ги препороди „Петлите“ кои играа лесно, создаваа шанси но и се бранеа кога беше потребно.Хари Кејн и Деле Али беа меѓу најдобрите на мечот.
Ова е добар старт за Мурињо, а следниот предизвик е веќе во вторник на домашен терен против Олимпијакос во Лигата на шампионите
Comments are closed for this post.