Потпретседателката на партијата на Вук Јеремиќ, Народната партија (НС), Санда Рашковиќ Ивиќ, изјави за РТС дека опозицијата бара одложување на изборите со цел фер изборните услови да важат девет месеци пред граѓаните да излезат на гласање, како и формирање на преодна влада која ќе ги овозможи таквите услови и ќе гарантира спроведување на договореното, јави дописникот на МИА од Белград.
-Бараме договор според кој фер изборните услови би важеле девет месеци од денот на потпишувањето на тој документ. Во преодната влада, секое министерство би било управувано од коминистри. Веруваме дека Србија е во студена граѓанска војна и дека работата само што не експлодирала, изјави Санда Рашковиќ Ивиќ.
Таа додаде дека претставниците на Сојузот за Србија (СзС) овој предлог неодамна им го пренеле на делегацијата на Европскиот парламент во Белград, која го „примила на знаење“.
-Тие со голема внимание го слушаа ова, не го отфрлија како предлог, не се обврзаа за одредени датуми и не рекоа дека изборите треба да се одржат во март, април или мај. Работата ќе се продолжи во декември, рече потпреседателката на НС.
Таа посочи дека Небојша Стефановиќ, кој ја предводи работната група на српската влада за подобрување на изборниот процес, бил вмешан во аферата со препродажба на оружје од наменската фабрика Крушик во Ваљево.
-Таков човек е шеф на работната група за фер и чесни избори. Тоа е како на коза да и дадеш да чува зелка. Ние не и веруваме на таа коза, рече Санда Рашковиќ Ивиќ.
Говорејќи за предлогот на опозицијата за формирање преодна влада, функционерот на владеачката Српска напредна странка (СНС), Владимир Ѓукановиќ, кажа дека преодните влади се формираат само после револуции и кризни ситуации. Тој додаде дека дел од опозицијата е „агресивно малцинство“ кое се обидува да предизвика поделеност во Србија за да го оправда својот предлог за преодна влада.
Ѓукановиќ оцени дека СзС во дијалогот меѓу власта и опозицијата започнал со „неизводливи“ барања за да го оправда прогласениот бојкот на изборите и оцени дека преместувањето на парламентарните избори од пролет на есен ќе биде неуставно.
Претседателот на Либерално-демократската партија (ЛДП), Чедомир Јовановиќ, истакна дека во Србија постои проблем со дијалогот, но дека изборниот закон не е одговорен за овој проблем, „затоа што не постои закон кој треба да нè превоспита“.
-Ние не сме човечки суштества, ние сме мутанти кои не се подготвени да се погледнат во огледало. Ние сме осудени едни на други, оцени тој и додаде да на избори ќе излезе дури и да помине „преку минско поле“, да изборните услови не се идеални, но дека тој никогаш не се пожалил
Comments are closed for this post.