САД, кои веќе имаат распоредено повеќе од 30 илјади војници во Германија, ќе го зголемат военото присуство во таа земја, соопшти американскиот амбасадор во Берлин, Ричард Гренел. Во неговото соопштение се наведува дека новиот контингент војници ќе пристигне до 2020 година. Како што оцени амбасадорот, целта на тоа распоредување е да се зајакне безбедноста на НАТО и на Европа.
Ваквата најава доаѓа и покрај бројните критики упатени кон земјите членки на НАТО од американскиот претседател, Доналд Трамп, по неговиот избор. Тој ја критикуваше Германија и другите членки на НАТО дека не одвојуваат доволно пари за потребите на Алијансата и се потпираат на САД за да ја обезбедат својата безбедност. Трамп беше особено остар кон Германија за трошење милијарди долари за купување гас и нафта од Русија, наместо да придонесе за трошоците на одбраната.
Германија планира да потроши 1,5 отсто од својот БДП за трошоците за одбраната до 2025 година.
Comments are closed for this post.