Српскиот весник „Вечерње новости“ вечерва објави дека уапсениот државјанин во Србија е Шевќет Д., кој прибирал докуметација од фабриката за муниција „Први Партизан“ од Ужице, со цел да изработи машина за производство на муниција со калибар 12,7 мм во погоните на некогашната фабрика за муниција „Сувенир“ во Македонски Брод, како и во фабриката за оружје во Катар, каде е косопственик.
Како што јави дописникот на МИА, по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, во акција на Безбедоносно информативаната агенција (БИА), Воено-безбедносната агенција (ВБА) и на МВР на Србија, денеска во Белград се уапсени – С.Д државјанин на Република Северна Македонија, сопственик на фирмата „Арс груп“ од Скопје, поранешниот инженер во „Први партизан“ Б.Г. од Ужице, Н.И. од Пожега- конструктор во погонот за алати и машини во „Први партизан“ и М.М.
Според првичните информации од истрагата, како што објави „Вечерње новости“, повикувајќи се на оперативните сознанија на БИА и Вишото јавно обвинителство во Белград и во Краљево, „двајцата сегашни и еден поранешен вработен во „Први партизан“ веќе подолго време недозволено ја присвојувале и изнесувале техничката документација, со цел остварување на материјална корист добиена од конкурентни компании, пред сè, од Северна Македонија, Катар и Босна и Херцеговина.
Пензионираниот инженер Боривоје Г. во понеделникот се состана со Шефќет Д. во белградскиот хотел „Хилтон“ за да се договори за собирање и доставување на документација од поранешен работник во „Први партизан“. Според сегашните информации, Боривоје Г. за споменатиот сопственик на „Арс груп“ на претходна средба на 16 октомври во белградскиот хотел „Константин Велики“, во форма на аванс добил околу 30.000 евра. За останатиот дел, постојат сомнежи, дека веројатно требало да добие ист износ, по завршување на работата односно по достава на целата документација, објави „Вечерње новости“.
Comments are closed for this post.