Премиерот Зоран Заев во денешна изјава за медиумите истакна дека верува дека екс-премиерот во бегство, Никола Груевски ќе ја отслужи својата затворска казна.
Никола Груевски беше слободен граѓанин се додека судот не издаде наредба за донесување за издржување на казната. Два дена претходно, тој ја напушти државата. Светот е глобално село, никој не може да избега од казната. Јас очекувам дека брзо ќе дојде моментот кога секој ќе си ја отслужи казната, вклучително и Никола Груевски.
Comments are closed for this post.