„Пресинг ТВ“ се обиде да стапи во контакт со лицето Милица Нонковска, која на импресумот на „Пресцентар.мк“ е потпишана како главен и одговорен уредник за да бара објаснува за веста што ја објавија дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во стан во Будимпешта добил милион и шестотини илјади евра и строги инструкции од руски дипломати
Првично, на мобилниот телефон 074 230 230 се јави машко лице и ни рече дека е грешка.
Но, по неколку минути не исконтактира истото лице и ни објасни дека текстот е целосно преземен од revolucioner.press.
Во импресумот на revolucioner.press како Главен и одговорен уредник се појавува Виктор Азманоски од Општинската организација на СДСМ во Прилеп.
Адресата на оваа интернет страница е Антон Панов 1/1-16 во Прилеп
Пресцентар и Ревоуцинер.пресс пред неколку денови објавија вест дека Мицкоски во Будимпешта добил милион и шестотини илјади евра од дипломати за да ја блокира Македонија на евроинтеграцискиот пат.
Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров вчера негираше дека партијата на било кој начин е поврзана со објавата за Мицкоски.
СДСМ се залага за објективно и транспарентно информирање. Како партија сметаме дека сите ние со заедничка работа може да придонесеме во борбата против лажните вести. СДСМ не шири лажни вести и комуницира одговорно и сметам дека нема никаква основа партијата да се поврзува со оваа тема на кој било начин, стои во одговорот на потпретседателот на партијата Коста Петров, во името на СДСМ испратен за Република.
Comments are closed for this post.