Поранешниот премиер на Грција, а сега лидер на опозициската СИРИЗА, Алексис Ципрас за време на расправата за новиот закон за азил во грчкиот Парламент, говорејќи за националните прашања, се осврна и на Договорот од Преспа, велејќи дека тие се горди на решението меѓу двете земји, а паралелно упати критики и до актуелниот претседател на грчката влада, Кирјакос Мицотакис во однос на договорот, јави дописничката на МИА од Атина.
– Да, горди сме за овој договор бидејќи денес грчките воени авиони го надгледуваат воздушниот простор на Северна Македонија, а не турските воени авиони, како што ќе беше ако не го преземевме овој историски чекор. Горди сме бидејќи го одбранивме патриотскиот интерес онака како што во тој период оцени мнозинството од Парламентот. Горди сме што дури и денес, кога соседната земја е во тешка ситуација, ние сме тие кои преземаме иницијативи во корист на стабилност во соседната земја, додека грчката Влада на Самитот ги набљудуваше Данска и Холандија како се занимаваат со Западен Балкан, рече Ципрас.
Comments are closed for this post.