Само неколку дена пред да ја има својата премиера, филмот „Предатор“, беше повлечен со цел да бидат премонтираат сцените во коишто се појавува актерот Стив Вајлдер. Ваквата одлука на продуцентите на филмот е донесена поради тоа што Вајлдер е осуден сексуален престапник и поради тоа треба да биде исфрлен во филмот. Тој во 2010 година минал шест месеци во затвор поради два случаја на сексуално вознемирување на малолетници преку интернет.
Ваквото минато на Вајлдер, на продуцентите им го посочила актерката и активистка во движењето „Ме Тоо“, Оливија Мун, којашто има заедничка сцена со Вајлдер во филмот. Како што соопштија од филмското студио, тие не биле свесни за минатото на Вајлдер, но веднаш откако дознале за тоа одлучиле да ги отстранат неговите сцени од филмот.
Премиерата на филмот е закажана за 14 септември.
Comments are closed for this post.