Од петок до недела во Кавадарци ќе се одржи манифестацијата “Тиквешки гроздобер”. Винарии и угостителски објекти имаат свои штандови во централното градско подрачје.

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев го означи стартот на манифестацијата и информираше дека настанот бил подготвуван шест месеци. Јанчев најави 750 учесници на карневалското дефиле во недела.

Имаме организиран бесплатен превоз со триесетина автобуси, од неколку градови до Кавадарци. Повеќе од сто волонтери ќе се грижат за паркирањето на гостите, кои следните три дена се очекува да дојдат во голем број. Обезбедени се девет локации за паркирање со над четири илјади паркинг места. Имаме стопроцентна искористеност на капацитетот од леглата со кои располагаме, а регистриран е и недостаток. Очекуваме амбасадори, високи функционери, посетители од земјава и странство

Српската пејачка Цеца во недела ќе ги забавува присутните. Денеска настапува Слаткаристика, а утре, за забавата ќе се погрижат Некст тајм, Љубојна и оркестар Џамбо Агушеви.