Премиерот Зоран Заев и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски следната недела ќе одржат средба на која ќе разговараат за новиот датум за спроведување на Пописот на населението, што треба да се одржи во април догодина, но ќе биде пролонгиран поради предвремените парламентарни избори.

Заев одговарајќи на новинарски прашања по Конференцијата на Светската царинска органзиација, истакна дека Пописот треба да биде спроведен во 2020 година.

– Следната недела ќе одам на состанок со директорот на Државниот завод за статистика за да ги утврдиме соодветните трермини. Пописот не треба да го одложиме, сите се согласивме на лидерската средба, односно само го споменавме, немаше дебата. Првичните планови беа меѓу 1 и 30 април, секако тој може да се спроведе во мај, може и есента 2020 година, но да не прејудицираме што било да разговарам со директорот, но  не треба да се откажуваме од псроведување попис во 2020 година, истакна премиерот.

Пописот на населението беше најавен за април 2020 година, но поради договорот од лидерската средба за предвремени избори на 12 април оваа операција не може да се одржи во првично предвидениот датум