Британскиот тенисер Енди Мареј по победата над Стан Вавринка од Швајцарија во финалето на турнирот во Антверпен, најави продолжување на кариерата, бидејќи, како што рече, ако стави крај, ќе има многу деца.
– Имам две деца, трето ќе се роди наскоро. Ако седам дома, тогаш ќе имам повеќе, па затоа ќе играм уште долго, вели Мареј.
Трофејот за Британецот во Антверпен беше прв по операцијата на колкот.
– Изминатите месеци беа тешки, па јас дури и не размислував за трофеј. Не зборував за победи, само за натпревари. Овој трофеј е изненадување за сите. Не верував дека сум подготвен да играм на ова ниво. Не мислев дека резултатите ќе дојдат толку брзо по моето враќање на терените, додаде Мареј.
Comments are closed for this post.