Владата на сојузната покраина во Берлин ќе воведе мерка со која ќе се стопира енормната цена за издавање на станови. Конкретно, ќе се вовде мораториум на подигање на цената на недвижностите во Берлин кои се меѓу најскапите во Германија.
Тоа значи дека станоиздавачите нема да можат да ја зголемат цената на изнајмување во однос на цената што ја плаќале станарите кои претходно биле во објектот.
Газдите на недвижностите се жалат дека оваа мерка е враќање во социјализмот и оти со тие цени нема да можат да исплатат кредитот што го зеле за купување на становите.
Comments are closed for this post.