Во време кога се е „фаст,“ спората храна е ин. Кога на едно место ќе се собере највкусната храна тогаш тоа е вистинско уживање за љубителите на добриот вкус.
Такво нешто понуди годинешниот „Слоу фуд салон“ одгледувачи на органска храна, месопроизводители, млекари, пчелари, локални винарии и проиводители на домашно „крафт“ пиво.
На штандовите во „Александар Палас“ можеше да се проба и да се вкуси највусното сирење, козја сурутка, мед,маслиново масло, вино, тартуфи, па дури и домашно чоколадо.
Она што во последно време е страст за љубителите на пивото е производството на домашно пиво.
Како што ни рече еднен производител од Велес кој имаше изложено десетина врсти „крафт“ пива ,вели дека го прави за своја душа и оти законите не му дозволуваат да продава но оти кога ќе се соберат со друштво сите сакаат да го пијат неговиот пијалок кој се надева дека ќе стане вистински бренд.
Comments are closed for this post.