Корупцијата ќе биде во фокусот на петтата сезона на Фчерашни новости – емисија што на интересен и забавен начин, преку хумор, сатира и исмејување ги критикува носителите на власта во државата, но и секојдневните општествени збиднувања.

Во новата сезона, како што вели во интервјуто за МИА главниот и одговорен уредник на емисијата Бранко Огњановски, ќе се третираат сите проблеми во секојдневното живеење, но сепак најмногу ќе се разобличува корупцијата, како „рана што одамна ни се гледа“.

Станува збор за емисија што го зазема високото место на популарност во земјава. Изминаа четири сезони, кои гледачите со задоволство ги прогласија за успешни. Огњановски во интервју за МИА е дециден дека и во новата сезона нема да штедат никого.

Проверен рецепт за нив е традиција, но сепак вели дека во однос на претходните сезони, петтата ќе ја почнат со некои новости. Тоа значи дека покрај класичниот формат на вести, ќе имаат и други новитети што планираат да ги разработат.

Во однос на тимот на Фчерашни, Огњановски вели дека во новата сезона ќе има и нови ликови, но ќе има и еден посебен дел посветен на новинарството и многу други новости за кои не открива многу затоа што, како што вели, останува на гледачите да ги видат