Албанскиот премиер Еди Рама денеска преку видео порака на социјалните мрежи зборуваше за одлуката на земјите од Европската унија, да отворат или не преговори со Албанија.
Тој кажа дека Германија, која ги предводи земјите кои се за „да“, избрала поинаков пат од повеќето земји-членки. Тој предвидува „не“ од страна на францускот претседател Макрон за Албанија.
Германија постави некои услови што се разумни за нас, но неразумни да се приближи кон Франција и тие две или три земји се уште не зазеле конечна позиција. Претседателот на Франција излезе со став за длабока реформа на Унијата. Емануел Макрон не е подготвен да ги придвижи преговорите за Западен Балкан понатаму, без претходно да изврши притисок за реформите во Унијата. Овој пристап на Франција е концептуално некомпатибилен со консензуалниот пристап што води кон оние кои се за „да“, но тоа не е против Албанија и Македонија или Западен Балкан во целина – вели Рама.
На крајот тој посочи дека за неколку дена ќе го чуеме завршетокот на ова тешко поглавје од напорите да станеме дел од ЕУ, но каков и да е исходот од состанокот на Советот на Европа „сонцето повторно ќе изгрее и денот ќе биде природно продолжение на овој историски напор за европската државност, кон Европа што ја сакаме за нашите деца, не за Берлин, не за Брисел, не за нас, туку за Албанија, Албанците и другите генерации“.
Comments are closed for this post.