Евровизиската претставничка Тамара Тодевска, синоќа настапи на ревијалиот дел на „Макфест“. Оваа вест не би била изненадувачка ако не се знае дека таа не беше најавена дека ќе настапи во Штип.

На „Твитер“ веднаш почнаа коментари дали нејзниот настап се чувал во тајност поради гневот што го навлече откако во Амбасадата на САД го изостави делот од македонската химна каде се споменува Гоце Делчев, или пак било изненадување за публиката во Штип.