Денеска се навршуваат 16 години од смртта на легендарниот македонски актер, Ѓорѓи Колозов, кој на 55-годишна возраст замина неочекувано и без поздрав.

На страницата на „Фејсбук“ посветена на неговиот лик и дело беше споделена фотографија од местото каде започнаа да се снимаат македонските народни приказни, манастирот Свети Пантелејмон во скопско Нерези.