Со прикажување на документарниот филм „Медена земја” вечер ќе биде затворен Интернационалниот филмски фестивал „ОДА“ во Тетово. Почетокот на проекцијата е предвиден за 19 часот во Центарот за култура во Тетово.

На фестивалот, што почна на 7 октомври беа прикажани 105 филмови.

Филмовите беа поделени во повеќе категории-детска панорама, балканска натпреварувачка панорама, специјални проекции, кратки филмови, кратки анимирани филмови, победничка панорама-за студенти и европски филмови. Во европските филмови се застапени сите земји од континентот.

За учество на фестивалот аплицирале 3963 филмови од 120 земји.