Потпретседателката на невладината организација „Меѓународен сојуз“, Јасна Мандиќ доби мерки куќен притвор, изјави нејзиниот адвокат Душко Јанковиќ.
Мандиќ беше донесена на распит кај судија на претходна постапка како осомничена во новата истрага за „Рекет“ која беше отворена денеска.
Покрај Мандиќ, новоосомничени во случајот се и Фросина Ременски, потоа асистентката на Јовановски, Кристина Карајованова, како и Миле Јовановски, татко на првоосомничениот Бојан Јовановски.
Обвинителката, Вилма Рускоска побара притвор за Мандиќ, а мерка за претпазливост за останатите осомничени.
Comments are closed for this post.