Советот за безбедност на ОН утре ќе одржи седница зад затворени врати, на која ќе разговара за ситуацијата во Сирија откако Турција почна воена интервенција против курдските борци во североисточниот дел на Сирија, истакнаа неименувани дипломати,.
Расправа на 15. земји членки на СБ на ОН за ситуацијата во Сирија побараа пет европски членки – Велика Британија, Франција, Германија, Белгија и Полска.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, најавувајќи го почетокот на воената акција, изјави дека таа има за цел да го елиминира коридорот на теророт на јужната граница на Турција.
Comments are closed for this post.