На североисточниот брег на Бразил се излеани повеќе од 100 тони нафта, што претставува огромна закана за екосистемите на плажите во 42 града. Нафтата во морето е откриена откако беа пронајдени мртви желки, по што пливачите и рибарите беа отстранети од загаденото подрачје.
Нафтата е пронајдена на 105 места, а во тек е истрага за причините за загадувањето.
Бразилската нафтена компанија „Петробрас“ соопшти дека не станува збор за нафта од нејзините постројки, а претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, соопшти дека нафтените дамки на плажите во североисточниот дел на земјата не се од локално потекло.
Тоа може да биде криминално злосторство, може да биде случајно протекување, а може и од брод кој потонал. Во нашите радари имаме земја која можеби е извор на овој протек и ние ќе продолжиме да правиме најдобро што можеме – изјави Болсонаро.
Министерот за животна средина на Бразил, Рикардо Салес изјави дека властите веќе еден месец преземаат мерки за заштита за да спречат помор на риби и други морски видови.
Comments are closed for this post.